Софтверскиот проблем е прилично сериозен, за него се зборува нашироко на интернет, па мораа да реагираат дури и вработените во Гугл на својот Google+, нудејќи решение.
Сите Андроид уреди под верзијата KitKat 4.4 имаат сигурносен пропуст во WebView компонентите, односно стандардниот веб прегледувач што доаѓа со андроидот, овозможува напад на уредот и превземање на контролата над него.
Софтверскиот проблем е прилично сериозен, за него се зборува нашироко на интернет, па реагираа и вработените од компанијата „Гугл“.
„Гугл“ нема да може да го реши овој проблем, бидејќи како што велат самите, WebView е постар облик на софтвер и не може да се закрпи на стандарден начин – со дополнување на софтверот или преку Google Play продавниците. Затоа од гигантот велат дека нема да се занимаваат со тоа, но програмерите кои се заинтересирани да го решат овој проблем за секој Андроид уред се „добредојдени“.
Вработените од Гугл предлагаат дека најдобро решение е инсталација на Chrome Android или Firefox интернет пребарувач, или пак, нов телефон со KitKat или Аndroid Lollipop софтвер.
За жал, милијарда загрозени корисници живеат со евтини Андроид уреди, кои не се способни на вистински начин да „поддржат“ Chrome илиFirefox, што значи дека ќе мораат да се навикнат на бавно вчитување на веб содржините, чести забавувања во текот на работата или „пукање“ на самите апликации. Всушност, изгледа дека единственото решение е новиот телефон.