Откако ќе го погледнете видеото насловено едноставно како “Денот на Рамбо”, сите останати ергенски забави сигурно ќе ви делуваат смешно!
Се прашувате за што станува збор?! Имено, Дан Сеинт е фанатичен обожавател на филмовите за Рамбо, па затоа неговите пријатели одлучиле да му приредат ергенска забава која што тој никогаш нема да ја заборави.
Така, додека поголемиот дел од останатите пријатели веројатно би приредиле голема забава со стриптизерки и опивање, друштвото на Сеинт отишле неколку чекори понатаму, претворајќи го својот пријател-младоженец во вистински акционен јунак.
Со лажните полициски автомобили, арсеналот од пушки за пејнтбол и вистинска пиротехника, пријателите на Дан успеале да ги реконструираат дел од најпознатите сцени од филмовите за Рамбо. Секако, целиот настан тие го снимиле и пред неколку дена го споделиле со целиот свет.
Но, треба да се спомене и тоа дека авторите на изненадувањето имаат сопствена продукциска куќа, па затоа и не треба да изненадува квалитетот на снимената содржина, која засекогаш ќе остане да сведочи за најдобрата ергенска забава некогаш приредена.