Tropical Islands Resort е вештачко тропско одморалиште на само 60 километри од Берлин, во кое се сместени еден куп базени, хотели, плажа, па дури и една тропска шума.
На 5,5 милиони кубни метри ова е најголемата градба во светот по волумен, во која нема потпорни ѕидови. Во неа требало да се градат авиони, но тоа никогаш не се случило и затоа некој ја пренаменил.
Во хангар за авиони долг 360, широк 210 и висок 107 метри се наоѓа најголемиот вештачки ресорт во кој се наоѓаат 30.000 дрвја, грмушки и други растенија кои ја сочинуваат природата на ова чудо, потпомогнати од светлината која влегува од врвот.
На посетителите на располагање им стојат 200 метри долга плажа, и базен во облик на море во кој се капат 8000 жители дневно и температура на вода од 26 Целзиусови степени.
За да биде сликата комплетна, на плажата се наоѓаат разни барови, хотели, ресторани, мини-терен за голф, шопинг центри, спа центри и што уште не.