Кој телефон издржува до 46 часа со едно полнење?

popara13 февруари, 20151min00
18

Во денешно време, нашите телефони се и нашиот живот и ги носиме со нас насекаде. Освен телефоните, често носиме и екстерна батерија, дополнителен полнач…бидејќи, траењето на батеријата сеуште е на ниско ниво.

Кинескиот гигант Lenovo се фокусираше на овој проблем и резултатот е моделот P70 – телефон со батерија од 4,000 милиампери кој може да издржи до 46 часа користење со само едно полнење. Компанијата тврди дека освен батеријата, телефонот е оптимизиран да работи со најмала можна потрошувачка, со што корисникот без проблем би го полнел телефонот два до три пати неделно.

Телефонот доаѓа со 5 инчен екран со HD (720p) резолуција, а во внатрешноста се наоѓа quad-core MediaTek процесор кој работи на 1,5GHz, надополнет со 1GB RAM. Просторот за складирање на податоци е со големина од 8 гигабајти, кој може да биде проширен преку MicroSD картичка.

На задната страна се наоѓа 13 мегапикселна камера, додека пак на предната страна добивате камера со резолуција од 5 мегапиксели. Уредот доаѓа со Android 4.4.4, а неговата цена ќе биде околу 200 евра.

Продажбата би требало да започне овој месец во Кина, а понатаму и низ останатите земји во светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag