Изминативе неколку години сите се борат за што поприроден изглед во ова доба на импланти и затегнување, но многу познати жени кои во јавноста се појавија со целулит беа инстантно осудени од „експертите“.
Последна во низата беше Иги Азалеа која беше фотографирана во црвени бикини, кои во преден план го истакнаа задникот. Кога сите го видоа нејзиниот задник без Фотошоп, веднаш ја нападнаа. Фотографиите набрзо беа тргнати од нејзините фан страни, а кон јавноста Иги упати неколку остри зборови.
– Очигледно е шокантно и до сега невидено една жена да има целулит. Сите тие негативни коментари не ме прават лоша личност, но затоа сакам на кратко да се тргнам од сето ова.
Кели Бенисмон има 47 години и е бивша американска манекенка која во 5-та деценија изгледа одлично. Сепак, критичарите секогаш имаат по нешто за осудување. За нив оваа фотографија беше недозволива.
Прекрасната Алесандра Амбросио исто така е „жртва“ на најголемата женска маана. Оваа фотографија ги натера сите да се прашуваат како еден врвен ангел на Викторијас Сикрет може да си дозволи страшен пропуст.
Пејачката Кристина Милан е уште една мета на остри критики, но таа ужива во своето тело со облини. Нејзиното појавување на плажа стана сензација откако јасно се виде сиот целулит кој го има на телото.
Иако сите тежнеат кон подобар изглед, навистина е апсурдно целото женско тело да биде осудувано или категоризирано како несовршено заради сосема нормална, човечка појава.