Самит на лидерите на ЕУ и Русија

popara10 јуни, 20111min00
3flag-eu-russia
Лидерите на ЕУ и Русија на денешниот самит би требало да ја разгледаат понатамошната соработка во областа на енергетиката, реформите на светските финансиски институции, како и други актуелни глобални теми, пишува “Дојче Веле“, пренесува НетПрес.
Во Кремљ и Брисел пред самиот почеток на самитот било најавено дека не се очекува некој битен напредок во разговорите, и дека не се очекува да бидат потпишани некои важни документи. Аналитичарите очекуваат дека централна тема на разговорите ќе биде воведување ембарго на земјоделските производи од ЕУ во Русија, заради ширење на смртоносната бактерија.
Европската унија смета дека тие мерки не се оправдани, додека изворот од Кремљ рекол дека атмосферата во очи на преговорите е тешка и дека реакцијата на ЕУ не е соодветна. Одлуката на Русија да воведе забрана за увоз на зеленчук, заради ширење на опасната бактерија ешерихија коли, од сите 27 земји членки, портпаролката на Европската комисија Пиа Ахренкилде  ја оценила како несоодветна.
Русија пред почетокот на денешниот самит започнала преговори со одредени земји на ЕУ, Холандија и Шпанија околу забраната за увоз. Амбасадорот на ЕУ во Москва укажал на тоа дека забраната е спротивна на правилата на Светската трговска организација во која Русија сака да пристапи.
Покрај спорот околу увозот на зеленчук на самитот во Русија ќе стане збор и за човековите права во таа земја. Повреда на воспоставените уставни права на собирање и слобода на говор, се сметаат за главни пречки Русија да го добие безвизниот режим на унијата.
Освен овие, ќе стане збор и за теми од областа на енергетиката и заедничката соработка. Руски експерти ја критикуваат ЕУ и заради фактот што Русија “систематично се исклучува“ од снабдување на земјите членки на ЕУ со нуклеарна технологија.
Самитот на двете економски веле сили вообичаено се одржува два пати во годината, и тоа во првото полугодие на руска територија, а во втората половина од годината во некоја од земјите членки на ЕУ.
Руската страна ќе ја претставува претседателот Дмитриј Медведев, министрите за надворешни работи и економски развој Сергеј Лавров и Елвир Набиулина.
Делегацијата на ЕУ ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, како и претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон и европскиот комесар за трговија Карел де Гихт.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma