Ферари – Мотоспорт
Од самите почетоци на компанијата, Ферари бил инволвиран во мотоспортот. Се натпреварувал во голем број на тркачки категории, вклучувајќи ја и Формула 1, исто така Ферари изработувал мотори и автомобили и за други натпреварувачки тимови.
Во 1940 година, AAC Tipo 815 е првиот тркачки автомобил кој бил дизајниран од страна на Енцо Ферари, под името Auto Avio Costruzioni, тогашното име на Ферари.
Scuderia Ferrari се има натпреварувано во голем број на мотоспорт трки, и ден денес тимот на Ферари е вклучен во трките на Формула 1. Ферари е единствениот тим кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот уште од своето основање во 1950 година. Во 1951 година José Froilán González на Ферари му ја има донесено првата Ф1 победа, во трката за British Grand Prix, додека Alberto Ascari ја има донесено првата победа на Ферари како најдобар возач на една сезона. Ферари е најстариот тим во шампионатот, а воедно и најуспешен тим во Формула 1 натпреварите.
Во прилог победите по години за Ферари:
World Drivers Championship titles (1952, 1953, 1956, 1958, 1961, 1964, 1975, 1977, 1979, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 и 2007).
World Constructors Championship titles ( 1961, 1964, 1975, 1976, 1977, 1979, 1982, 1983, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2007 и 2008).
Возачи кои оставиле белег во тимот на Ферари се следниве: José Froilán González, Tazio Nuvolari, Marcin Zatorski Juan Manuel Fangio, Luigi Chinetti, Alberto Ascari, Wolfgang von Trips, Phil Hill, Olivier Gendebien, Mike Hawthorn, Peter Collins, Giancarlo Baghetti, John Surtees, Lorenzo Bandini, Ludovico Scarfiotti, Jacky Ickx, Mario Andretti, Clay Regazzoni, Niki Lauda, Carlos Reutemann, Jody Scheckter, Gilles Villeneuve, Didier Pironi, Patrick Tambay, René Arnoux, Michele Alboreto, Gerhard Berger, Nigel Mansell, Alain Prost, Jean Alesi, Eddie Irvine, Rubens Barrichello, Michael Schumacher, Kimi Räikkönen, Felipe Massa, and Fernando Alonso.
На крајот на Ф1 сезоната во 2006 година, се појавиле доста контроверзи околу спонзорирањето на Ферари од страна на тобако брендот Marlboro. Договорот бил сите Ф1 тимови по 2006 година да не користат повеќе спонзорства од тобако компании и да не ги рекламираат нивните производи на Ф1 болидите, иако тоа било договорено, Ферари го продолжил договорот со Philip Morris, каде било наведено дека тобако компанијата си купила свој болид за рекламирање на своите производи.
Покрај Формула 1, Ферари има учество и во трките со спортски автомобили.
Во 1949 година, Luigi Chinetti возејќи модел 166 М ја извојувал првата победа на Ферари во Мотоспорт, тоа било во трката “24 часа Ле Ман”. Ферари во раните години и понатаму продолжил да доминира во мото-спортот, на Светското првенство во спортски автомобили кој е основано во 1953 година, Ферари има освоено 7 титули во првите 9 години од првенството.
Ferrari 166 M
И со направените тогашни измени во Светското првенство во спортски автомобили во 1962 година, Ферари имал освојувано титули во најмалку една класа секоја година се до 1965 година, и повторно титула во 1967. Ферари последната победа во натпреварите со спортски автомобили ја има освоено во 1972 година каде Енцо подоцна одлучил да прекине и да се концентрира само на шампоинатот во Формула 1.
Ferrari BB 512 LM
И покрај тоа што Scuderia Ferrari не учествувала во трките со спортски автомобили, тие успеале да направат импресивни тркачки автомобили за други тимови, тоа се моделите BB 512 LM во 1970 година , и моделот 333 SP кој го освои IMSA GT Championship во 1990 година и моментално моделите F430 GT2 и GT3 кои имаат освоено титули во своите класи.
Ferrari 333 SP
Тркачки автомобили наменети за други тимови
Во текот на својата историја, Ферари произведувал тркачки автомобили и за други тимови и нарачатели.
Во 50-тите и 60-тите години, Ферари има произведено за други тимови автомобили и мотори. Познат пример е тимот на Tony Vandervell, кој се натпреварувал со моделот Thinwall Special на Ферари пред да произведат свој сопствен автомобил Vanwall.
Ферари исто така вршел испорака на автомобили со V8 мотори за серијата A1 Grand Prix, сезоната 2008-09 година.
Ferrari 599 GTB Fiorano
Моделите 599 GTB Fiorano и F430 GT исто така се користат во GT тркачките серии. Последниот Ферари FXX од 2006 година е наменает само за тркачки патеки, легално не му е дозволено да се движи по регуларни патишта, и затоа автомобилот се користи само за авто-трки.
Ferrari FXX
One comment
joco
11 јуни, 2011 at 18:47
voziloto ferari bolen sum za toa vozilo mnogu e cool