На синокешното свечено доделување на награди на Американскиот филмски институт (АФИ), награда за животно дело заработи актерот Морган Фримен. Оваа престижна награда, која се смета за една од најголемите признанија во филмскиот свет, во Лос Анџелес е доделена по 39-ти пат.
Меѓу гостите можеше да се забележат Рита Морено, Саманта Харис, Френ Дрешер, Kамора Ли, Паз Вега, Хелен Мирен, Сара Копфер, Верџинија Медсен, Метју БродерикСамуил Л. Џексон, кои се само дел од присутните кои се најдоа да доделувањето на наградите.