
Да се вљубиш не е исто како и да сакаш – тоа се две различни работи. Љубовта е прашање на страст, а да сакаш – тоа е емоција, чувство. Чувствата и страстите за различни нешта.
Кога ќе се заљубиш, се чувствуваш неверојатно убаво и си убеден дека човекот до тебе е токму она што си го барал целиот живот. Таа / тој не е токму тоа, но ти си мислиш дека е.
Секако, времето минува, и сфаќаш дека тој / таа не е точно она што ти си замислувал. И ти почнуваш да го обвинуваш, бидејќи тој / таа не одговара на она што ти си сонувал.
Мислам дека кога со мојата жена се запознавме пред 35 години, таа размислувала: “Тој е толку висок, толку слаб, тој е толку тивок и толку начитан!”. Само 6 месеци подоцна таа ми рече: “Си се променил…” А јас воопшто не бев променет. Туку заљубеноста беше таа која се променила.
Љубовта сепак е нешто друго. Љубовта е онаа радост од соживот заедно. Само така – јас сум среќен, бидејќи те познавам. Среќен сум зашто нашите животи се поврзани. Сакам и ти да си среќна, бидејќи јас се интересирам за твојата среќа. Сакам ти да си среќна.
Ете тоа е Љубовта!
Не звучи како нешто големо и големо, но сепак Е … “
Хорхе Букај