
Без оглед на тоа што сте пробале, сигурно многу пати до сега флеките си останале на своето место. Во тие моменти наместо да се откажете и да ја фрлите облеката, испробајте го уште овој трик.
Ви треба само сјај за садови и оцет. Со оваа мешавина дури и флеките од вино и маснотии може да ги отстраните додека трепнете.
1. Помешајте сјај за садови со вода во однос 3:1.
2. Мешавината нанесете ја на флеката.
3. Втријте ја додека флеките не исчезнат.
4. Потоа парчето облека потопете го во оцет, па ставете го во машина за перење.