Ако имате добар вид треба да го видите Алберт Ајнштајн, но доколку ја гледате Мерилин Монро тогаш веројатно е време за очила…

popara6 април, 20151min00
Ако имате добар вид треба да го видите Алберт Ајнштајн, но доколку ја гледате Мерилин Монро тогаш веројатно е време за очила…

Сакате да проверите колку добро ве служи видот? Екипата што стои зад популарниот YouTube канал AsapScience преку видео ќе ви го даде одговорот на ова прашање.

Тестот е навистина едноставен. Во видеото на AsapScience се појаснува дека доколку имате добар вид и се наоѓате на пристојно растојание од екранот, тогаш би требало да ја видите фотографијата на Алберт Ајнштајн, но доколку ја гледате Мерилин Монро тогаш веројатно е време за очила.

Кога фотографијата се наоѓа на голема оддалеченост нормално е да ја гледате Мерилин, бидејќи способноста за забележување детали се намалува, но како што се приближува тогаш би требало да почнете да го гледате Ајнштајн.

Проверката можете да ја направите и доколку го паузирате видеото и се оддалечите од екранот – од колку подалеку можете да го видите Ајнштајн, толку е подобар вашиот вид.