Астролози: Рибите нема да бидат Риби, туку Водилија

slobodan13 јануари, 20111min00
capricorn-5

Астрономи од Минестота велат дека со израмнување на ѕвездите поради гравитациското влијание на Месечината на вртењето на Земјата околу нејзината оска ќе дојде до прескокнување на еден месец во хороскопот. Така на пример Рибите повеќе нема да бидат Риби, туку Водолија. “Кога некој ќе ве праша во кој знак сте родени, ве прашуваат всушност каде било Сонцето во зодијакот точно во моментот на вашето раѓање“, рекла астрологот Кели Фокс.
Заради забрзувањето на прецесијата на еквионација, спори и постојани промени во движењето на оската на ротација или орбиталното движење на астрономските тела, сликата на небото се помрднала за 10 степени. Затоа повеќето луѓе родени како Лавови повеќе не се Лавови, туку Ракови. Според астролозите нема веќе да бидат храбри и родени водачи, туку многу чувствителни.
“Откога постои астрологијата, луѓето знаеле дека има проблем со тој систем. Древните Вавилонци има 13 хороскопски знаци, па едноставно го исфрлиле Змијоносецот. Вагата на пример не постоела до времето на Јулие Цезар.
Змијоносец,(лат.Опхиуцхус) е знак, кој ги опфаќа оние кои се родени од 29 ноември до 17 декември, а карактеристики на овој знак се, искреноста, изразена сексуална привлечност, променливи и љубоморни.

Нов хороскоп:

Јарец: 20 Јануари – 16 Февруари
Водолија: 16 Февруари – 11 Март
Риба: 11 Март – 18 Април
Овен: 18 Април – 13 Мај
Бик: 13 Мај – 21 Јуни
Близнаци: 21 Јуни – 20 Јули
Рак: 20 Јули – 10 Август
Лав: 10 Август – 16 Септември
Девица: 16 Септември – 30 Октомври
Вага: 30 Октомври – 23 Ноември
Шкорпија: 23 Ноември – 29 Ноември
Змијоносец: 29 Ноември – 17 Декември
Стрелец: 17 Декември – 20 Јануари

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag