
Сагата продолжува, на повидок нова епизода во сапуницата за кланот Ражнатовиќ!
Војин Ражатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан од првиот брак, пред неколку месеци ја започна кампањата против својата маќеа Светлана Цеца Ражнатовиќ.
И ден – денес таа не се смирува!
Често ја провоцираше фолк пејачката, како тогаш кога сподели фотографија за која тој тврди дека е од првата свадба на Цеца.
На Војин му беше “жал“ што со оваа фотографија ги натажи Вељко и Анастасија, па објави нов статус.
Војин ја продолжува својата војна која ја води преку социјалната мрежа Фејсбук, а за денес го одбра овој “начин“.
Преку оваа фотографија Војин алудира на големиот скандал кој во времето кога Цеца се уште му беше девојка на Аркан, наводно била навлечена на наркотични средстава и во друштво на европски мафијаши од кои ја отргнал токму нејзиниот иден сопруг. Како што се шпекулираше во тоа време, Цеца по овој скандал некое време не излегувала од дома, а една од причините била и таа што Аркан и ја избричи главата со што ја казнил за нејзиното однесување.


