
Овој модел не тера да се запрашаме зошто Mercedes Benz Smart е “паметен” – кога всушност е само мал…
Вистинскиот паметен автомобил треба да биде во можност да се движи странично и накосо како што тоа го прави EO Smart Connecting Car 2.
Станува збор за концепт на Германскиот истражувачки центар за вештачка интелигенција, наменет за пренаселените градови каде што сообраќајниот шпиц е кошмар за секој возач, а паркинг местата се речиси непостоечки.
Иако само прототип, ЕО 2 располага со доволно иновации кои можат да доведат до навистина паметни, па дури и флексибилни автомобили.
Обоен во бело, со големи прозорци и вертикални врати, електричниот ЕО 2 изгледа како да доаѓа од иднината. Всушност и се движи како да е од иднината…