Зухаир Мурад мајсторски креира колекции кои освојуваат на прв поглед. Гравитирајќи околу женствени силуети и мешајќи безвременска елеганција со модерна естетика, либанскиот дизајнер проникнува во дамските срца.
Умерената провокативност изразена преку транспарентни ткаенини и сексапилни шлицови и отсечоци, како и гламурот засилен од комплексните низи од мониста и везовите, нема да ги остават рамнодушни холивудските ѕвезди кои сакаат да остават силен впечаток на црвениот тепих. Класичните црна и бела боја се надополнети со свежи циклама, розови и портокалови нијанси.