Има 47 години, но нејзиното тело вели нешто друго

popara13 август, 20152min00
4

Некои жени знаат да го претекнат времето и секоја деценија да ја проследат со одличен изглед. Меѓу нив е и 47-годишната Кели Бенсимон, поранешна манекенка и познато американско телевизиско лице, која во бикини изгледа за чиста десетка.

 

Првата асоцијација за жената која со мода почнала да се занимава во тинејџерските години и која има диплома по книжевност од Универзитетот Колумбија, денес е нејзиниот изглед.

 

Иако има 47 години, оваа жена и ден денес може да се пофали со совршено затегната фигура и затегнати мускули.

 

Ретко кој би погодил колку години има, а уште помалку некој би поверувал дека оваа жена е мајка на две девојки кои имаат 15 и 17 години.

 

Таа и нејзиниот поранешен сопруг Жил Бенсимон го делат старателството над своите две ќерки, затоа што во 2007 година се развеле после десет години брак.

 

Кели направи име од себе кога во 2011 година стана дел од ријалити шоуто „The Real Housewives Of New York City“.

 

Денес, оваа жена покрај тоа што е поранешна манекенка и ријалити ѕвезда пишува колумна за еден весник, поседува сопствена линија за бижутерија, а размислува да се обиде и во полето на финансии.

08-kelly-47-gh43-22

09-kelly-475-34-22

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *