Според најновите податоци во Германија починале 35 пациенти од бактериската инфекција ЕХЕЦ, а тамошните експерти проценуваат дека околу сто лица, заразени од бактеријата “ешерихија коли“ ќе останат со трајни оштетувања на бубрезите.
“Околу сто пациенти имаат големо оштетување на бубрезите поради што им се потребни нови или ќе мораат доживотно да одат на дијализа“, соопштил експерт за здравје, Карл Лаутербах и предупредил на опасност од нови инфекции.
Сојузниот институт за проценка на ризици соопшти дека никулците на гравот се извор на заразата.
Извор: Нетпрес