Најдобро облечени жени во светот – втор дел

popara14 јуни, 201111min00
desnonaslovnamoda

44 – Clemence Poesy – оваа девојка потекнува од Франција, каде кариерата ја има започнато како модел, а подоцна влезе и во актерските води. Неколкуте улоги во Хари Потер и други холивудски филмови ја прославија. Последно нешто по што е позната е серијата “Gossip Girl”, каде особено се истакнува стилот на девојките од Њујорк.

43 – Demi Moore – таа не само што е најпознатата стирптизерка по истиимениот филм, таа е жената која го остави Брус Вилис, за да биде со Качер, кој е  доста помлад од неа. И покрај нејзините години, таа не се плаши од експериментирање на својот стил и секогаш изненадува со модниот избор на гардероба.

42 – Eva Mendes – е девојката која падна за 15 места на оваа листа за разлика од минатата година. Неможе да се пофали со најдобар стил на облекување,  но кој го забележува тоа на оваа егзотична девојка со супер тело.

41 – Dianna Agron – оваа девојка која има 25 години е американска актерка, пејачка, текстописец, продуцент, но најпозната стана по телевизискиот серијал Glee. Нејзиниот стил е секогаш нов и интересен, а таа е главна модна инспирација на младите американки.

40 – Mila Kunis – оваа девојка со мешано потекло е славна американска актерка која пред се се прослави низ телевизиските серии. Ја видовме во серијата за 70-тите години каде одлично и прилегаше тој стил на гардероба, потоа како обична девојка во американските романтични комедии, па како балерина по нејзиниот последен и најпознат филм “Црниот Лебед“, а на оскарите по тој повод ја имаше една од најубавите тоалети на црвениот килим.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag