
Реалити ѕвездата Клои Кардашијан помина низ многу тежок период во кој за малку ќе ја изгубела љубовта на својот живот, но од сето тоа излезе уште посилна.
Таа неодмна објавила фотографија на која ужива со своите сестри на забавата за бебето кое го очекува Ким Кардашијан и тогаш го покажала својот нов изглед.
Познато е дека жените ја менуваат фризурата кога ќе им се случат промени на љубовно поле, што значи дека сега Клои е пресреќна, па блеска откако го врати својот за малку „поранешен“ сопруг Ламар Одом, кој се предозира во бордел и едвај преживеа.
Таа му поставила ултиматум на својот сопруг за опстанок на нивниот брак, а тоа е дека веќе никогаш не смее да се дрогира.


