Во светло на неодамна објавената статија од Светската здравствена организација за штетноста на внесувањето на индустриски преработено месо врз здравјето, нутриционистката Мирја Јошиќ ја коментира препораката за јадење на сланина и други месни преработки во 10 дневната диета на фитнес тренерот Николас Пол, како и на други диети.
“Диетите кои ветуваат брзо губење на килограми не се препорачливи. Но, ако одлучите во десет дена да се придржувате до оваа диета и за појадок во тие десет дена да јадете сланина и јајца, не треба да стравувате дека ќе заболите од карцином во таков краток период.
Предупредувањето од Светската здравствена организација се однесува на количина од 50 грама процесирано црвено месо кое треба да се внесува во долг временски период за да се создаде ризик од рак на дебелото црево од 18%”, вели нутриционистката.
“Ако секој ден правите кратки тренинзи со тешки тегови, наместо долги кардиотренинзи (трчање, возење точак, трчање на лента) побрзо ќе губите масно ткиво.
Исто така, помага пиењето на зелен чај кој го одржува стабилното ниво на шеќер во крвта, како и внесот на многу вода за намалување на чувството на глад. Комбинацијата на масти и протеин помага при слабеењето, додека нивниот спој со јаглехидрати создава масни наслаги”, вели фитнес тренерот Пол.
Тој додава дека од исхраната треба да ги исфрлите шеќерот, лебот, брашното, глутенот, оризот и компирот, бидејќи имаат висок глихемиски индекс.
Имено, тие многу брзо после оброкот го покажуваат нивото на шеќер во крвта, што создава порив за повторно внесување на слични намирници во релативно краток временски период. Во тие десет дена најдобар избор се протеините од бело месо, риби и јајца, а јаглехидратите треба да ги земате од зелените зеленчуци.
За појадок можете да јадете сланина и јајца. За ручек лосос, пилешко или мисиркино месо со авокадо, а за вечера сезонска салата. Погрижете се да внесувате доволно маснотии, најдобро од масилново масло. Во тие десет дена би требало да се ограничи и внесот на овошје, а се препорачува авокадото.