Согорете многу калории со статична вежба која ги активира сите мускули, а не ги оштетува зглобовите!
Експлозивните кардио вежби навистина го забрзуваат метаболизмот и работата на срцето, но истите знаат да бидат многу штетни за вашите зглобови. Затоа е неопходно да најдете соодветна замена- вежба која ќе ви обезбеди контракција на сите мускули и која нема негативни ефекти врз зглобовите.
Ground-zero скок е вежба со висок интензитет, а во исто време стапалата не го напуштаат контактот со подот. Оваа вежба не само што нема да ги оштети вашите зглобови, колена и колкови, туку ќе ви обезбеди согорување на голем број калории. Причината за тоа е јаката контракција на мускулатурата која е важна за регулацијата на метаболизмот, како што се глутеусот,тетивите и квадрицепсот.
Колку побрзо ја изведувате вежбата толку повеќе калории ќе согорите.
Погледнете го видеото и пробајте ја вежбата!