Гениталните брадавици кај жените на возраст од 40 години се зголемиле за четири пати од 1970-те години поради зголемената изложеност на вирусот ХПВ – открило заедничкото истражување на американскиот факултет за опстетриција и гинекологија и американското здружение за колпоскопија и патологија на грлото на матката. Поголемиот број од гениталните брадавици се бенигни, но некои од нив се одговорни за ракот на грлото на матката.
„Иако сè повеќе жени имаат генитални брадавици, ризикот од рак на вагината е мал во спореба со ракот на грлото на матката, јајниците и на самата матка. Гениталните брадавици се слични на претканцерогените лезии на грлото на матката по тоа што и двете бавно растат“ – истакнува за ABCNews д-р Л. Стјуарт Масад.
„Причината зошто почесто заболуваат жените постари од 40 години е тоа што гениталните брадавици, како и клетките на ракот, бавно растат и подоцна се воочуваат. Единствен начин на кој можете да ги воочите брадавиците е прегледувањето на гениталиите со помош на огледало и забележувањето на невообичаени точки. Доколку воочите било какви промени, задолжително посетете го Вашиот гинеколог“ – додава тој.
„Операцијата или ласерската аблација го решаваат проблемот со гениталните брадавици, но и со правилно лекување можно е тие повторно да се вратат. Секоја жена која има дијагностицирани генитални брадавици треба на секои шест месеци да оди на контрола“ – советува д-р Масад.
Вирусот кој ги предизвикува гениталните брадавици, ХПВ, може да предизвика и рак на грлото на матката, рак на пенисот, анусот и на грлото. Затоа бидете многу внимателни и најдете начин дискретно, но детално да го проверите партнерот пред да имате незаштитен сексуален однос. Не заборавајте, лек за ХПВ не постои.