Кога размислувате за нега на кожата на телото, веројатно не ви паѓа на памет деколтето. Но знаете дека на тоа подрачје почнува да се забележуваат првите знаци на стареење?
За разлика од лицето кое лесно може да се доведе во ред со помош на шминка и разни третмани, брчките и опуштената кожа во пределот на вратот и деколтето тешко може да се средат, па време е да почнете да го негувате овој дел од телото.
Колку да знаете, тоа не подразбира користење на скапи креми и препарати, важно е редовно да се придржувате до правилата.
Крема
Прво и основно е хидратантна и хранлива крема која е пожелна да ја нанесувате еднаш до два пати во денот. Секогаш кога нанесувате на лицето нежно измасирајте го и подрачјето на вратот и деколтето, во насока од долу нагоре.
Сонце
Вториот чекор е задолжителен заштитен фактор кој не би требало да го носите само на плажа, туку и во град секогаш кога имате длабоко деколте.
Спиење
Жените кои спијат на нивната страна имаат поголема можност за добивање на брчки на лицето, но и на деколтето, па така обидете се што почесто да спиете на грб.
Градник
Пуш-ап градникот е одлична работа, но не и за низ дома. Поради него може да се појават брчки меѓу градите, па би било добро во слободно време да носите градник кој е удобен, но не ги стега градите во неприродна положба.
Никогаш не е рано
Брчките на градите можеби сега многу не ве загрижуваат, додека ги немате. но, еднаш кога ќе се појават ќе ви биде жал што деколтето не сте го третирале на правилен начин. Почнете на време!