Поради својот светол карактер, белата боја е многу често окарактеризирана како исклучително пролетна и летна боја. Меѓутоа, таа навистина доаѓа до израз токму во постудените денови, кога му пркоси на есенското сивило на најдобар можен начин, носејќи го во неа здивот на летото. Белата боја е крајно женствена и елегантна, и нема кому не му стои. Идеална е за комбинирање, поблагодарна дури и од црната.