
Иако ова лоша навика е најчеста кај децата, дури а 15% од возрасните сеуште ја имаат.
Експертите сметаат дека е во прашање сериозен психички проблем, кој може да се надмине со помош на лекар.
Според статистиката, речиси половина од децата и младите на возраст од 10 и 18 години од време на време ги грицкаат ноктите, а секојдневно тоа го прават 45% од тинејџерите, додека некои луѓе до 30 години престануваат.
Но, ноктите често остануваат деформирани. Психолозите им советуваат на лицата со овие проблеми да обратат внимание на тоа во кои ситуации имаат потреба да ги грицкаат ноктите.
Ако причината е моментален стрес, применете техники на опуштање, повеќе спијте, вежбајте. Ако додека ги грицкате ноктите и кутикулите, чувствувате напнатост и тешкотии, вашиот проблем е сложен, но во секој случај треба да направите се што можете за да се ослободите од напнатоста.
Пронајдете поддршка меѓу најблиските, замолете ги да ве опоменат кога несвесно ќе почнете со грицкање. Употребувајте средства за зајакнување на ноктите, како и лосиони, лакови и специјални масти со горчлив вкус и силен мирис. Постојат средства кои овозможуваат ноктите и кожата околу нив да закрепнат, па редовно треба да ги користите.
Припадничките на женскиот пол проблемот го решаваат со лак. Кога сте нервозни, тажни или имате проблем, ангажирајте ги рацете за да бидат подалеку од устата.