Нивното вселенско летало требаше да орбитира околу Јупитер, често поминувајќи од Европа за одблизу да ја истражи површината.
Она што НАСА не го спомна тогаш е планот да слетаат на таа месечина. Но, неодамна Ерик Бергер од Ars Technica изјави дека тој план наскоро ќе се реализира.
Слетувањето на вселенско летало на оваа месечина на Јупитер ќе понуди неприкосновен поглед на составот на мразот на нејзината површина, но уште поважно, ќе може да ги проучи молекулите во глобалниот течен океан каде можеби постои живот.
Научниците се сомневаат дека на Европа има повеќе вода отколку водата која ја има на Земјата од сите океани заедно, но сета таа вода е заградена под ледена корупка заштитена од површината.
Поради тој „оклоп“, истражувачите не би можеле да нурнат во таа ледена вода. Но, би можеле да земат примерот од некој отворен кратер кој понекогаш исфрла вода од под мразот.
НАСА сé уште не објавува детали за тоа како планираат да стигнат до површината.
Првата можност за евентуално слетување на Европа беше најавена минатиот септември, кога научникот кој работи на проектот Европа, Роберт Папалардо, најави дека НАСА ја разгледува можноста да прати летало. Но, не беа дадени никакви дополнителни информации.
Низ годините, неколку хипотетички мисии, како „роботот лигња на Европа“, или минијатурни криоботи беа предложени, но ниту една од овие можности не беше финансирана.