Девојката на Ричард Гир (66), Алехандра Силва (33) ја запознавме ова лето, кога прочуениот холивудски срцекршач се појави со неа на Филмскиот фестивал во Сицилија.
Тие и покрај огромната разлика во годините се и понатаму заедно, среќни и насмеани.
За таа пригода, Алехандра понесе свечена тоалета со чипка на ракавите, а својот елегантен изглед го надополни со мала дамска чанта и “вртоглави” потпетици украсени со драги камења.
Холивудскиот актер пак се појави во елегантен црн костум и бела кошула. Парот за целото време се смешкаше, гледајќи се очи во очи, разменувајќи нежности.
Алехандра пред Гир беше во брак со Говинд Фридланд, со којшто го има и синот Алберт, а Гир пак беше во брак со познатата актерка Синди Крафорд, а подоцна и со Кери Ловел.