Гинко дрвото во Кина старо 1.400 години, неодамна привлече илјадници луѓе од сите краеви на земјата. Златните лисја го обоија двориштето уште од средината на ноември, претворајќи го храмот во жолт океан. Античкото дрво расте во близина на еден будистички храм во планините Жонган, каде локалците сметаат дека на овој начин го одбележа почетокот на есента. Ова уникатно дрво многумина го нарекуваат и „жив фосил“, бидејќи, и покрај големите промени на климата низ годините, сепак останло непроменето. Овој вид на гинко „живее“ на земјата веќе 200 милиони години, уште од времето кога диносаурусите владееле со земјата.