Се додека постојат граници во светот, ќе се менуваат. Уште од самите почетоци на човековото развивање во заедници, луѓето се делеле на едни и други групи, се мешале, преземале територии, си чинеле зло… Како што можеме сите да забележиме, ситуацијата не е ништо поразлична и денеска. Борбата за едните да ги победат другите и да завладеат со светот, се уште постои, на скриен или отворен начин. Во текот на изминатиот милениум, границите на државите ширум светот, нивните имиња и воопшто нивното постоење драстично се менуваше. Ова видео во само три минути покажува како во изминатите 1000 години се менувала мапата на Европа.
https://www.youtube.com/watch?v=ecpIa7erMtI