„Себеси нема да си го простам тоа што сум емотивна, а на другите тоа што не се луѓе какви што мислам дека се, поточно, јас сè простувам, моја дефиниција за човекот е дека Бог ти го дал животот да бидеш на земјата, а ако ти не си подготвен за тоа, не треба да бидеш тука или, ако си емотивен како мене, треба да размислиш колку уште треба да бидеш тука“, изјави покојната пејачка Ксенија Пајчин само четири дена пред својата ненадејна смрт. На денешен ден, Ксенија ќе наполнеше 37 години доколку не го загубеше животот од раката на своето момче Филип Каписода во 2010 година. За потсетување, Филип ја застрела Ксенија со куршум, а потоа и самиот си пресуди.