
Разводот на Гвен Стефани и Гевин Росдејл бил шок за целиот свет, бидејќи се случил само една година откако го добиле третото дете.

Подоцна се воспоставило дека Гевин ја изневерувал Гвен со нивната беби-ситерка.
Пејачката својот последен настап му го посветила на својот поранешен сопруг со кој има три деца.
Иако славната пејачка набрзо пронашла нова љубов и започнала врска со колегата Блејк Шелтон, 13 години брак не може туку-така да се заборават, пишува Telegraf.rs.

– Таа минала низ нешто тешко за да ја напише таа песна. Сега вади нешто позитивно од сето тоа – вели близок извор за медиумите.
Во рамките на музичкото натпреварување “The Voice”, Гвен со солзи во очите го отпеала својот последен хит “Used To Love You”.
Публиката паднала во транс, а само Гвен знаела како се чувствува во тие моменти.
Пејачката толку емотивно ја го извела својот настап, што допрела до целата публика.
https://www.youtube.com/watch?v=x0a-RX1UuuU