Петнаестгодишната И.М. која ја силувал Д.М. (48) од село Прово кај Владимирац, морала да абортира во поодмината бременост и таа е сместена во специјалната установа за деца и лица со пречки во развојот.
Б.М. мајка на девојчето, пријавила во Центарот за социјална работа дека нејзиниот сопруг со месеци сексуално ја злоставувал нивната ќерка со пречки во развојот.
Лекарите утврдиле дека девојчето е во 25. недела од бременоста.
-Со оглед на тоа дека во прашање е малолетно лице со психички и физички пречки во развојот, етичкиот комитет во чиј состав биле лекари, психолози и социјални работници, донел одлука да се прекине бременоста кај девојчето, велат извори од истрагата.