Високи чизми над колена за оваа сезона

popara7 декември, 20151min00
14
Високите чизми до над колена никогаш не биле толку популарни како оваа сезона, а ова можеме да го заклучиме и од познатите девојки кои во последно време постојано фураат комбинации во кои доминираат овие модели на чизми.

Овде исто така можете да видите и како ги носат и други познати девојки како Кејт Босворт и супермоделот Кендис Свинепул.

Инаку, ваквите чизми можат да се носат како со фармерки или хеланки така и со здолништа и фустани, а што се однесува до бојата, во мода се неутралните бои како црна, сива и беж.

Па, дали во вашиот плакар веќе имате високи чизми од антилоп кои се еден од водечките трендови како во светските метрополи, така и на нашите улици?