Миранда Кер изгледа фантастично и кога патува, а оваа фотографија е доказ за тоа. Таа беше фотографирана на аеродромот во Лос Анџелес во беспрекорно издание со кое најмногу ги воодушеви вљубеничките во модата.
Миранда носеше Aritzia панталони со висок струк во боја на пудра во комбинација со секси краток топ кој во преден план ја истакна нејзината совршена линија. Целата комбинација е заокружена со црна кул спитфајерка, големи очила за сонце со потписот од „Chanel“ и тренди чизми до глужд од „Saint Laurent“. Ако на ова ја додадеме откачената огрлица и големата црна чанта од „Celine“, ќе дојдеме до заклучокот дека Миранда знае како да ги комбинира различните трендови кои на прв поглед изгледаат неспоиво и повторно да изгледа феноменално и неодоливо.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Миранда?