Аманда Ли е рекордерка на социјалните мрежи – со само стотина постови, оваа преубава фитнес инструкторка има собрано преку неверојатни 2 милиони корисници на Инстаграм и оваа бројка постојано се зголемува.
Причина за нејзината популарност е во тоа што докажува дека секоја жена со добар тренинг може да ги задржи своите облини и повторно да изгледа неодоливо. Вежбањето не значи дека мораме да изгледаме преслабо – со него можеме и да го подигнеме и обликуваме задникот, да го направиме нашиот абдомен многу позгоден, но и убаво да ги дефинираме мускулите во пределот на надлактиците и рамениците. Аманда која во моментот ја викаат и русокосата Џен Селтер, најпознатата позадина на Инстаграм, има 29 години и неодамна откри дека поради недостиг на самодоверба немала момче се до 21 година. Аманда со години била несигурна во себеси и во своето тело, но со упорност и редовен тренинг таа на целиот свет му покажа дека секој може да дојде до совршено тело. „Треба постојано да испробуваме нешто нови и да ги поместуваме границите“, порачува ова нова фитнес икона, а кои вежби ги советува за да го одржиме во форма долниот дел од телото, погледнете во видеото во продолжение.
httpv://www.youtube.com/watch?v=FA_5yuAk0o8
A еве и неколку фотографии од нејзиниот Инстаграм профил …
Па, не е ни чудо што за многу кратко време има преку 2 милиони фанови, нели?