Анализа: Италијанците ги казнија нуклеарните желби на Берлускони

popara14 јуни, 20111min00
berlusconi
Италијанците категорично ги отфрлија плановите на Силвио Берлускони за обновување на нуклеарната енергија и се спротивставија на неговото право да ги пропушта сослушувањата во судските постапки. Тоа се случи на референдумот и покрај повиците на премиерот да се бојкотира гласањето.
Две недели откако жителите на Милано, Неапол и други градови му нанесоа удар на Берлускони на локалните избори, сега на италијанскиот премиер може да му биде простено доколку се чувствува како прегазен со воз. Се чини дека италијанските гласачи ги научиле лекциите од локалните избори. Конкретно, можеби открија дека се уште веруваат во својот политички систем, а не во своите остарени политички лидери.
Можеби стана задолжително да се кажува, но сепак новите медиуми одиграа клучна улога во она што се случило. Лекцијата е за сите е токму она што се случи во Милано за време на локалните избори. Во целиот град беа лепени слики од Летиција Морати. Луѓето гледаа слики кои беа фино изработени во “Фото Шоп“ на жена која дава се’ од себе. Нејзиниот партиски лидер ја користи својата доминација во италијанската телевизија за да даде серија од интервјуа, анализира Би-Би-Си, пренесува НетПрес. Но сето ова не функционира.
Се уште младата нова левица ги користи популарните социјални мрежи “Фејсбук“и “Твитер“. Победата на левицата не била само одраз на протестот за гласање, туку ова беше и победа на новите над старите медиуми во земјата во која сите знаат дека со старите медиуми владее еден човек и неговото семејство.
Истото се случило и пред референдумот. Во сајбер просторот новата генерација на Италијанци, на околу 30 години кои биле принудени да живеат со своите родители бидејќи не може да најдат стабилна работа и не може да си дозволат сопствен дом, пишуваа и споделуваа свои коментари и мислења.
Противниците исто така ги користеле социјалните медиуми за да го оправдаат правото да не се излезе и да не се гласа. Иако новите медиуми изгледаат дека ги менуваат правилата на игра, сепак и Католичката црква имала огромно влијание.

Миланскиот весник “Кориере дела сера“ објавил фотографија на архиепископ како напушта гласачко место откако го дал својот глас на референдумот. Тој не бил сам. Свештениците не само што гласале, тие понекогаш жестоко дебатирале за прашања на кои Италијанците треба да одговорат на референдумот. Папата Бенедикт XVI погоди едно од клучните прашања, кога зборува за цунамито во Јапонија и за ризиците поврзани со нуклеарната енергија. Тој продолжи да бара и да се залага за нов начин на живот, кој ќе ја почитува природата “создадена од Бога“.
Последните две недели може да бидат разгледани како момент во кој обичните Италијанци сфатиле дека може да навистина да го кажат својот збор и за тоа како треба да се управува со нивната земја.
Сегашната маса на италијански политичари останува блокирана во повоената поделба со своите провинциски предности кои се однесуваат на посветеност на семејството, градот и регионот. Нивните наследници треба да бидат многу повеќе од тоа. Тие пред се’ треба да бидат свесни за различните заедници и поинаквиот пристап да се креира политиката. Со тоа се чини дека Италијанците го кренале својот збор на референдумот кој заедно со новите медиуми може да и даде нов живот на италијанската демократија.
Берлускони и неговиот клучен сојузник Умберто Боси од “Северната лига“ јасно го презираа референдумот и ги повикаа своите симпатизери да не гласаат, знаејќи дека резултатите нема да бидат легитимни доколку излезеноста е под 50 отсто.
Но, нивните облози пропаднаа. Младите Италијанци се ослободиле и го кажале својот збор.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag