Тами Хемброу наследила одлични гени од своите родители, но нејзиното тело не е во одлична форма само поради тоа. Таа здраво се исхранува и напорно тренира, па затоа има светска популарност.
Жените ја обожуваат поради тоа што само 9 недели по породувањето успеа да го доведе своето тело до совршенство.
Оваа 22 –годишна блогерка вели дека нејзината цел е да им докаже на сите жени кои неодамна се породиле дека и покрај тоа што имаат дете повторно може да изгледаат беспрекорно и тоа за многу кратко време.
Сепак, дали овој совет е правилен?
По породувањето женското тело се уште се навикнува на промената, па вежбањето и воспоставувањето на било каков нов режим на исхрана треба најпрвин да биде консултирано со лекар.
Освен тоа секое тело реагира различно на вежбањето по породување и она што на почетокот изгледа како добра идеја лесно може да се претвори во комплицирање на целата ситуација.