Потребни состојки:
- 400 гр. лиснато тесто
- 500 гр. мешано мелено месо
- 50 гр салама
- 200 грама печурки
- Половина векна бајат леб
- Главица кромид
- Црвена и жолта пиперка
- 2 јајца
- 1 жолчка
- Лажица масло
- Сол, бибер и оригано
Начин на подготовка:
Најпрвин одмрзнете го лиснатото тесто и лебот омекнете го вода. На стана исечкајте ги кромидот, пиперките, саламата и печурките. Потоа загрејте го маслото и пропржете го кромидот. Додадете ги преостанатите состојки и пржете додека не испари течноста. Зачинете со сол, бибер и оригано и оставете да се излади.
Лебот кој претходно го потопивте во вода исцедете го и споете го со месото, јајцата и претходните состојки. Лиснатото тесто поделете го на два еднакви дела.
Првата половина ставете ја во подмачкан плех и завиткајте го краевите на внатре. Потоа врз неа наредете го месото и на крај покријте ја солената торта со втората кора од лиснатото тесто. Од горе премачкате со жолчката и печете 50 минути на температура од 180 степени.
Кога ќе биде готова исечете ја на парчиња и послужете со кисело млеко или јогурт.