Што откри човекот кој ја хакираше НАСА?

10 декември, 20150
21

Хакерот Гери Мекинон верува дека пронашол информации кои докажуваат постоење на вонземјани и на НЛО кога го хакирал компјутерскиот систем на НАСА во 2002 година.

Во периодот меѓу февруари 2001 година и март 2002 година овој компјутерски експерт успеал да  хакира 97 воени и компјутери на НАСА, како и да открие таен документ за кој тврди дека е дел од тајна вселенска мисија.

Мекинон во 2002 година бил уапсен поради хакирањето, но не е извршена екстрадиција во САД.

Ако беше осуден ќе се соочеше со казна од 60 години затвор. Во 2012 година Тереза Меј, британска министерка за внатрешни работи , соопшти дека тој нема да биде испорачан на САД.

„Тој е обвинет за сериозен криминал, но постои сомневање дека е многу болен. Има Аспергеров синдром и страда од депресија. По внимателно разгледување на случајот заклучив дека екстрадицијата би го зголемила ризикот тој да си го одземе животот, така што тоа не би било соодветно со човечките права на Мекинон“, изјави министерката.

Во неодамнешното интервју познатиот хакер изјави дека пронашол докази дека НАСА ги модификува фотографиите од вселената и ги отстранува доказите за постоење на НЛО, пред да ги објави во јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi