Изгледа толку вкусно колку што звучи. Затоа, следен пат кога ќе се мислите што да сервирате за мезе или како да го збогатите ручекот, искористете ја оваа идеја.
Потребно ви е:
- Моцарела или било каков кашкавал исечкан на долги ленти
- Парчиња сланина
- Презла
- Јајце
Постапка:
Лентите кашкавал потопете ги во матено јајце, а потоа и во презла. Околу нив замотајте ја и сланината, па наредете ги на тава обложена со мрсна хартија.
Печете на висока температура околу 15тина минути.
Послужете со доматен сос, мед и сенф или тартар.