Крцкава пица од стар леб

popara15 декември, 20151min00
6

Предноста е што стариот леб ќе добие многу подобар вкус и нема ништо да фрлите.

Ви требаат само неколку состојки кои веројатно ги имате во фрижидер:

  • 10тина парчиња (сув) леб
  • 100g кајмак
  • 1 јајце
  • 1 лажица издробено тврдо сирење
  • 200ml млеко
  • 100g кулен или салама по желба
  • 300g кашкавал по желба
  • Кечап
  • Оригано, сол

Подготовка:

Подмачкајте една тепсија со масло или путер, распоредете ги парчињата леб, така што со мали парченца ќе ја пополните секоја празнина.

Во посебен сад измешајте го јајцето со млекото, кајмакот, сирењето и сол по желба. Прелијте преку лебот.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-02.jpg

Наредете а саламата, а кашкавалот исечкајте го на парчиња.

Оставете половина час лебот да ги впие состојките, па потоа печете на 220 степени околу 20 минути. Зачинете и послужете.