Никол Кидман: Бев дете кога се омажив за Том Круз, љубовта дојде по разводот

popara16 декември, 20151min00
10

Никол Кидман призна дека била премногу млада за семејство, кога на 22 години се омажила за Том Круз.

Не жалам за ништо иако бев дете кога се омажив за Том. Имав само 22 години. Со Кејт добив втора шанса и мислам дека овојпат се се поклопи – рекла оскаровката Никол Кидман (48) во ретката изјава за бракот со пејачот со Кит Урбан (48).

Кидман сепак додава: „Секогаш постои шанса за нешто подобро, но комбинацијата на луѓе често се менува“.

Кидман и Круз се разведоа по 10 години брак, во 2001 година, а таа сега е мажена за кантри пејачот Кит Урбан.

– Бев толку млада и без омаловажување на она што го имав со Том, ја запознав својата голема љубов дури кога се разведов од него – рекла Кидман во интервјуто за „Венити фер“.

Кидман во периодот на разводот со Круз, играла во филмот „Часови“, во кој ја толкува со Оскар наградената улога на писателката Вирџинија Вулф која се самоубила, давејќи се во реката. Актерката рекла дека снимајќи го тој филм го избрала животот.

– Влегов во реката со џебови полни со камења, но го избрав животот. Во тоа време бев во голема криза, но играјќи ја Вирџинија научив да го ценам животот- заклучила Никол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag