Само вистински детективи можат да ги решат овие загатки – Дали можете и вие?

popara18 декември, 20151min02
4

Ако отсекогаш сте мислеле дека би биле одличен детектив, обидете се да ги решите овие неколку загатки.

Овие неколку загатки се многу популарни на социјалните мрежи, иако само неколку луѓе можат успешно да ги решат. Затоа, немојте да очајувате ако „запнете“, туку сконцентрирајте се и продолжете да размислувате. Во некои случаи се важни ситни детали, додека во други морате да ја докажете имагинацијата. Значи, да почнеме…

1. Ладен чај

Две девојки дошле на вечера и двете нарачале ладен чај. Едната била многу жедна и испила пет чаши, додека другата едвај ја испила првата.

Девојката која бавно пиела умрела веднаш, додека другата успеала да преживее. Полицијата утврдила дека во ладниот чај се криел отров. Како девојката која испила пет чаши наеднаш останала жива, а другата не?

2. Пиштол и касетофон

После дојавата на соседот за пукотници, полицијата на местото на трагедијата пронашла мртов маж. Во едната рака држел пиштол, а во другата касетофон.

Инспекторот веднаш ја пуштил касетата на која се слушнало: „Немам повеќе причини за живот“, а потоа следувал истрелот. Истиот момент му станало јасно дека се работи за убиство, а не за самоубиство. Зошто?

3. Кој го киднапирал полицаецот на тајна задача?

Полицаец на тајна задача, кој бил блиску да разбие синџир на шверцери на нафта, одненадеш исчезнал. Неговите колеги почнале со потрага и, измеѓу другото, во неговите документи ја нашле следната шифра:

Благодарение на таа низа броеви веднаш сфатиле кого бараат. Зошто? Како? Можете ли вие да ја пробиете шифрата?

4. Некој тука мати нешто

Сопругата во неделата го пронашла мртвиот сопруг и веднаш ја известила полицијата. Сите кои се наоѓале во куќата дале изјави, кои гласеле вака:

Сопругата рекла дека спиела, батлерот рекол дека чистел, градинарот рекол дека берел зеленчук, собарката рекла дека отишла да ја земе поштата, а готвачот рекол дека подготвувал појадок.

Една од тие личности полицијата веднаш ја уапсила. Која?

5. Во која соба да се умре?

Убиец сте и ве осудиле на смрт. Единствениот избор кој ви останал е да влезете во една од понудените соби. Во една од нив има пожар, во другата ве чекаат вооружени убијци, а во третата се наоѓаат лавови кои со години не јаделе. Која соба ќе ја одберете?

6. Речиси совршено злосторство

Сопругот со нож ја убил жената во автомобил. Никој не го видел тоа, а и се ослободил од телото и на него не оставил никакви отпечатоци. Исто така, се погрижил и за тоа да го фрли ножот од карпа, и тоа на место каде што никогаш нема да го најдат.

Па сепак, само еден час откако се вратил дома му се јавил полицискиот инспектор и го замолил да дојде на местото на злосторството. Уапсен бил веднаш штом се појавил. Како знаел инспекторот дека тој е убиецот?

7. Погреб

Една девојка на погребот од својата мајка забележала впечатлив убав маж кој многу ја заинтригирал. Меѓутоа, бидејќи околностите биле такви какви што биле, не успеала да се запознае со него. За тој маж непрестано размислувала една недела, а потоа ја убила својата сестра. Зошто?

8. Убиство, а не несреќен случај

Богат маж, кој живеел осамен во куќичка во близина на градот и каде што морале да му ги доставуваат работите бидејќи бил инвалид, бил пронајден мртов. Прв во четвртокот наутро на подот го здогледал поштарот, а веднаш забележал дека мажот лежи во веќе исушена крв.

Кога полицијата дошла на увид, на тремот нашла две чаши млеко, весници од понеделникот, каталог, флаери и неотворена пошта. Што ја навело полицијата во тој момент случајот да го гледа како убиство, а не несреќен случај?

2 comments

  • Пандорка

    3 јануари, 2016 at 20:32

    Во првиот случај, девојката испила пет чаши,не е кажано дека испила пет чаши ладен чај, може би испила пет чаши вода, затоа и не умрела. Во вториот случај ако жртвата се убила и притоа се снимала, кој ја вратил снимката од почеток, сигурно не жртвата, па така се смета за убиство. Во четвртиот случај мислам дека е собарката, затоа што недела пошта сомничаво е. Во петтиот случај, да се одбере третата соба, мислам лавови кои со години не јаделе се сигурно мртви, може малку ќе смрди ама најбезбедно е 🙂 Во шестиот случај, мажот дошол на местото на злосторството, од каде ќе знае некој каде да дојде ако нема врска со тоа? Седмиот случај, мислам дека тој маж бил на нејзината сестра, затоа и ја убила сестрата. Во последниот случај мислам дека е поштарот, две чаши млеко, и зошто не му донел весник за вторник и среда?

    Reply

    • vlatko

      18 март, 2016 at 16:14

      pod 1 pisuva deka dvete poracale leden caj

      Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag