„Латино бомбата“ Џенифер Лопез не старее, а тоа не е резултат само на добра генетика. Дивата, наводно воопшто не пие алкохол, а тоа го откри во неколку интервјуа.
„Мислам дека тоа ја уништува кожата. Секако, кога има некоја прослава знам да се напијам, но буквално по една голтка“, изјави прекрасната Лопез.
Алкохолот има штетно влијание на кожата, а со Џеј-Ло се согласува и угледниот дерматолог Џил Вајбел: „Конзумацијата на алкохол е најчест предизвикувач на црвенилото на лицето затоа што предизвикува еден вид на запаление на кожата поради што таа веднаш станува чувствителна“, објаснува дерматологот.
Дерматологот не советува алкохолни пијалоци, посебно не препорачува да се пијат тие што содржат многу шеќери, како маргаритите, овошните коктели и ликерите.