Искрена исповед на една девојка: “Еве зошто не сакам сиромашни мажи“

popara20 декември, 20151min00
11

Ви ја пренесуваме во целост исповедта на една девојка од Србија која ја пренесе порталот Superzena.net, а која веруваме дека ќе ве изненади.

Имам 28 години, добра работа, добра плата за нашите услови, неколку добри пријателки, многу брендирана гардероба и не сум среќна.

– Родена сум во Белград, завршив право, го положив правосудниот испит и работам како адвокат во една адвокатска канцеларија во самиот центар на Белград. Многу ја сакам мојата работа, сакам што сум самостојна, сакам што поради природата на работата морам секој ден да се средувам, секој ден да носам високи потпетици, скапи одела и чанти. Платата ми овозможува да живеам на висока нога и јас не се жалам.

– После работа сакам да појдам во некое добро кафуле или бар каде што излегуваат градските лица, да ’бидам видена’, да го пијам најскапиот коктел. Ми се може. Потоа одам дома, се опуштам, се подготвувам за новиот работен ден. За викенд сакам да се опуштам во некој спа центар далеку од Белград, или да одам на шопинг во некоја европска престолнина. Некој би рекол “еј, таа живее со 200 на час“, но не е сè онака како што изгледа.

– Постои само еден проблем во мојот живот: сама сум. Немам момче, сопруг, љубовник, ништо. И така веќе две години – бидејќи се посветив на кариерата и на себе си.

– Е сега, не е дека повремено не се гледам со некој, дури одиме и на вечера, им давам јас шанса на додворувачите. Но, тие се секој полош и полош, не знам како да ви објаснам. Се прашувате зошто? Па еве, да ви објаснам со конкретен пример: се гледаме, тој во пантолони и кошула од некој неименуван бутик и целиот елегантен, ме води на ручек или вечера. Го прашувам каде ме води, а тој како каваљер инсистира јас да бирам. Во ред, нема да ти се допадне, ама твој избор.

– Го носам во мојот омилен ресторан, драстично скап. Парачувам бифтек и омиленото вино, тој пие кисела вода. Глуми дека се е во ред, а всушност знам дека не може да плати. Некако поминува таа вечера, му предложувам да платиме по половина, а тој како секој балкански мачо инсистира да плати сам. Си мислам: кој те шиша, кога си тврдоглав.

– И потоа го прашувам дали ќе одиме негде после тоа, на коктели, а тој наводно се брза, работи наутро, не му е добро, ова – она, ќе ми се јавел утре. И ако дојде на коктели глуми дека го изгубил паричникот, ви се колнам дека и тоа еднаш ми се случи. Си мислам – зошто воопшто излегуваш на такви места кога не можеш да си дозволиш?

Е сега, имаше еден кој можеше да го плати сето тоа. И се забавувавме година и пол. Јас само што почнав да работам, тој веќе на големо беше „во бизнисот“. Убаво ни одеше, ме следеше во сè. Потоа, после неполна година врска, остана без работа. Одеднаш немаше пари ни за цигари. Си помислив, способен е ќе се снајде, сепак беше на добра позиција во добра фирма. Некако бев сигурна дека „мојот мажјак“ ќе биде баш тоа.  Ништо и од тоа.

– Господинот почна по цел ден да седи дома, да се дебели, да ги троши заштедите, па уште му пречеше што имам социјален живот и што ретко сум во станот… Ве молам, па што требаше – да седам и да се дебелам заедно со него?

– Потоа немаше денар за одмор. Се лутеше што јас сакав да одам со другарките на Куба. Си мислам, да беше способен, за пет и пол месеци ќе најдеше нешто. Но не, тој сакаше да го издржувам и по можност да работам и низ дома. Убаво „си заседна“, но само во мислите. Ја завршив таа врска после речиси четири месеци натегање.

– После него сретнав неколку мажи кои сакаа да се „шлепаат“ покрај мене. Одвратно. Ги мрзам тие мамини и татини синчиња кои мислат дека ако најдат девојка која добро заработува дека добро се ожениле. Море, марш таму!

– Сама го стекнав сето ова. Да, имам екстра дуплекс во центарот, но него го отплаќам во следните 20 години. Да, имам брендирани работи, чизми, чанти, одам во спа центри… Но, сето тоа сама го плаќам. Сама си го „испотив задникот“ со висок просек, ги положив сите испити на време, па извинете, но не го правев тоа за некој мрзливец да троши мои пари и да живее на мој грб!

– Ете, затоа не сакам мажи кои немаат пари. Не можат да ми парираат. Затоа сум сама, но ќе продолжам додека не најдам некој кој е вреден за мене, макар и да заработува пет пати помалку, важно е да знае и да има стил.

– Девојки – подобро бидете сами отколку во неквалитетна врска и дајте сè од себе за да бидете самостојни, верувајте ми нема ништо подобро од тоа!.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag