
Двојката се запознала преку сајт за запознавање. Кога Џастин ја видел фотографијата на Ејми, тој веднаш сакал да се сретне со неа. Како што вели тој, почуствувал нешто што не знае како да го објасни. Веднаш и испратил порака и брзо почнале да се допишуваат и да разговараат на телефон. По запознавањето преку пораки, тие договориле средба и сакале во живо да се запознаат. Веќе на првата средба со Џастин, Ејми почуствувала дека “гледа во човекот за кого сака да се омажи.”
По првата средба, тие почнале да се гледаат секој ден и се вљубиле еден во друг. Непосредно пред годишнината од нивната врска, тие сфатиле дека љубовта помеѓу нив всушност трае од најрани денови.
Џастин и Ејми израснале во истиот град. Потоа се преселиле, секој на своја страна. Многу години подоцна, тие повторно се сретнале во истиот град.
– Бевме во автомобилот и Џастин ми рече дека го сака името зашто во градинка имал симпатија која се викала исто како мене. Јас се пошегував дека поради тоа што не сум јас, не сакам да слушнам ништо за тоа – рече Ејми за магазинот “People”.
Меѓутоа, тие продолжиле да зборуваат на оваа тема и многу брзо се сфатиле дека тие двајцата оделе во истата градинка. По враќањето дома тие барале фотографии од детството, а потоа следел шок. Симпатијата на Џастин,Ејми од градинка е всушност Ејми, со која е во врска веќе една година.
Мајката на Џастин пронашла слика од нив двајцата во градинка. Тогаш имале по три години.
,,Почнав да плачам. Бев толку возбудена. Јас сум онаа Ејми. Дефинитивно ни беше судено да бидеме заедно” – вели Ејми.
