Универзални сексуални желби на мажите

popara31 декември, 20151min00
14

Ние жените обожаваме да му отвораме работа на нашиот мозок. Постојано анализираме, донесуваме едно решение, па се премислуваме. Се обидуваме да најдеме смисла во сè што е околу нас, во секој збор и потег на луѓето околу нас.

А кога станува збор за мажите и за нивните желби и потреби, работите стануваат уште покомплицирани. Па затоа, воопшто не е чудно што постојат цели книги, стотици илјади статии и истражувања за машкото однесување. Но, понекогаш предолгото размислување и навлегувањето во деталите може само да нè оддалечи од очигледниот одговор.

Сексуалните потреби и желби на мажите навистина кријат одредена мистерија. Сепак, постојат некои работи кои сите мажи ги посакуваат.

  • Мажите сакаат разновидност. Повторувањето можеби е мајка на знаењето, но воопшто не е возбудливо или привлечно. Ако тој има омилена поза, тоа не значи дека секогаш треба ја избирате неа кога сакате да го зашеметите. Внесете разновидност во стилот, времето и местото. Имате секс само навечер? Време е да ја откриете убавината на утринскиот секс. Стандардно трчате во спалната за таму да си покажете колку се сакате? Можеби е време да останете во кујната и не мора да завршите со оброкот за да се фрлите во страсна прегратка.
  • Мажите сакаат да гледаат. Се разбира дека мажите обожаваат да гледаат. Токму поради тоа се обожаватели на порно филмовите. Наједноставен начин да му го доставите ова задоволство на вашиот партнер е да имате секс пред огледало. Бидете сигурни дека ќе биде повеќе од возбуден додека ве гледа како уживате. Ако сте похрабри и послободни пред него, изненадете го со тоа што ќе се допирате самите.
  • Мажите сакаат да бидат изненадувани. Не треба да чекате да дојде неговиот роденден или пак Св. Валентин за да му приредите секси настап со еротски танц. Изберете си најобичен ден и подгответе му неочекувано жешко изненадување. Ако сте во долга врска, добро знаете колку може да биде возбудлива спонтаноста.
  • Мажите сакаат секс наутро. Разбудете го со страсни бакнежи, расположени за водење љубов. Истражувањата покажуваат дека најголем процент од мажите на прво место би сакале да бидат изненадени со секс уште додека не се расонети, на второ место додека се тушираат, а на трето место – на прагот на домот кога се враќаат од некаде.
  • Мажите сакаат понекогаш вие да ја преземете контролата. Скоро секогаш мажите сакаат да покажат доминантност во спалната, но понекогаш сакаат само мрзеливо да лежат и да уживаат во она што го гледаат и она што го чувствуваат. Подарете му нежни бакнежи по целото тело, фелацио и „јавачка“ поза (во која вие сте одгоре).
  • Мажите сакаат „диви љубовници“. Многу жени се плашат да бидат малку подиви под чаршафите, за да не го нарушат својот имиџ. Но, ако добро се познавате со партнерот, воздржувањето во сексот не само што нема да ви помогне, туку може и да ви наштети. Бидете поавантуристички настроени. Покажете му колку уживате во сексот со него, иницирајте почесто секс, бидете гласни, правете потези кои ќе го изненадат и зашеметат.
  • Мажите сакаат сексот да е авантура, сакаат да експериментираат. Според истражувањата, најголем дел од мажите сакаат да пробаат на прво место секс во тројка, на второ место секс на јавно место, а на трето сакаат да снимат секс видео со својата партнерка.

Подготвени ли сте да ги исполните неговите желби?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag