Инстаграм девојка која го мрази Фотошопот: Целулитот не е маана!

popara4 јануари, 20161min00
13

Во денешно време да бидеш „Инстаграм модел“ и да имаш илјадници следбеници е големо достигнување,  а младата Искра Лоренс одбива да се дефинира како модел.

Искра има над 700.000 следбеници на оваа социјална мрежа, а она по што сака да се издвојува од сите останати е фактот што нејзините фотки не се дотерани во Фотошоп.

– Никогаш нема да ме видите да промовирам чаеви за детоксикација или нешто во што не верувам дека би го носела или консумирала – вели прекрасната русокоса.

За Искра целулитот не е маана, туку е секси. Затоа и честопати знае да објави фотки на кои тој е повеќе од очигледен.