Еве како да возите по снег и мраз!
Зимата пристигна, а пристигнаа и првите сообраќајни проблеми, лизгав коловоз, врнежи и потешкотии. Вниманието кај секој возач секогаш е повеќе од потребно, а посебно за време на студените, зимски месеци.
Зимското правило број еден е – не седнувајте зад волан доколку навистина не е неопходно.
А ако не можете да избегнете возење по снег и мраз, почитувајте ги овие правила.
– Не брзајте, планирајте повеќе време до одредено место, отколку што ви треба во нормални услови. Педалата за гас притискајте ја полека.
– Држете растојание! Имајте на ум дека возачите пред вас исто возат на мраз. Растојанието помеѓу две возила мора да биде три пати поголемо отколку во нормални услови.
– Не треба да влегувате во кривина и да кочите во исто време. Ова значи сигурно пролизгување…