Иако во љубовта и војната правилата не важат, сепак има неколку правила кои се однесуваат на сексот. Доколку не ги почитувате би можеле да ја уништите акцијата.
Доживејте го својот оргазам. Заборавете на разните видови на оргазам, клиторичен, на Г точката и слично. Опуштете се и дозволети си го она уживање кое најбрзо ќе предизвика да доживеете оргазам.
Не зборувајте за сексуалните врски кои ги имавте со поранешните партнери. Не предизвикувајте непријатни ситуации во сегашната врска. Сконцентрирајте се на сегашната врска и потрудете се таа да биде најдобра до сега.
Сексот не смее да стане рутина. Од време на време внесете свежина во сексот со партнерот, некоја новина на која и тој ќе се сложи нормално.
Никогаш немојте само да лежите. Поголемиот дел од луѓето сакаат активни партнери. Колку и да сте уморни, немојте само да лежите и да чекате на партнерот.
Подгреаната супа никогаш не е вкусна како онаа што е штотуку зготвена. Затоа ако нешто не оди, не се обидувајте повторно кога може да имате нова врска.
Не практикувајте секс во пијана состојба. Сексот и алкохолот се лоша комбинација. Особено ако сте на прв состанок. За да не оставите погрешен и лош впечаток подобро е да си одите дома.
Една до две чаши нека биде мерката. Повеќе од две чаши може да бидат проблем за машката еркција и сушење на вагината кај жената.
Не се споредувајте со жените од магазините. Секое тело е секси ако е дополнето со насмевка на лицето, добро расположение и правилно одбрана облека.
Не ги копирајте советите од магазините. Доколку премногу се трудите да ги копирате упатствата за некоја поза ќе ја загубите спонтаноста.
Не ја измивајте вагината пред секс. Колку и да е хигиенски, тоа може само да предизвика воспаление на матката.
Не изведувајте пози од Камасутра ако не сте доволно еластични. Изберете поза која ќе ви овозможи уживање, а не да направи да се посрамотите.
Не дозволувајте некој да ја потцени вашата сексуалност. Не дозволувајте партнерот да ја сруши вашата самодоверба со коменатрите дека имате премали гради, големи колкови и слично, вратете но со одредена доза на хумор.
One comment
Oleg
16 јуни, 2011 at 11:37
Uzivajte sega ima sredstva za podmackuvanje kolku sakas, hehehehe